Press "Enter" to skip to content

Апел на СВР Битола: малолетниците да не употребуваат петарди, да се пријави нивна продажба

Во пресрет на престојните Новогодишни и Божиќни празници, Секторот за внатрешни работи Битола ги потсетува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република  Северна Македонија.

Затоа, апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонските броеви 112 и 192.

Упатуваме апел особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.

Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола спроведува интензивни кампањи, се изработуваат летоци и плакати, рекламни материјали, одржува различни предавања со целни групи преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства.

Полициските станици, пак, со спроведување на акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства.

More from ВестиMore posts in Вести »