Press "Enter" to skip to content

Медикоптер за итен транспорт слета во Битола, високоризичните пациенти ќе се пренесуват брзо до Скопје (фотогалерија)

На пладне во дворот на Клиничка болница во Битола, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменик министерката за здравство, Маја Манолева, како и директорот на Градска Општа болница “8-ми септември“, Христијан Костов, присуствуваа на презентација на медикоптерот од Одделот за воздухопловни единици при МВР, во кој е инсталирана новата опрема за итна медицинска помош.Целта беше да се уверат и да презентираат пред јавноста, како функционира и во пракса овој заеднички пилот проект на МВР и Министерството за здравство, со специјална опрема за извршување летови за меѓу-болнички транспорт.Министерот за здравство, Фатмир Меџити, истакна дека брзиот транспорт е од голема важност за итните случаеви.-Со оваа соработка меѓу двете Министерства, овозможуваме заедничко дејствување на припадниците на хеликоптерската единица при МВР и здравствените установи, односно употреба на хеликоптер за транспорт на пациенти. Брзиот транспорт на пациентите е исклучително важен во ургентни состојби. Првиот час по настанување на критична здравствена состојба, ние лекарите го нарекуваме “златен час“. Токму во тоа време соодветна интервенција значително ги подобрува шансите за позитивен исход. За сите тие медицински состојби, сега имаме ултрабрз транспорт, рече министерот Меџити во изјава за медиумите.Министерот Спасовски во изјава за медиумите ја потенцираше соработката со словенечката полиција која овозможи да се инсталира медицинската опрема.-Денеска ми е особено чест и задоволство што заедно испишуваме историја. Од моментот на основањето на современата македонска држава до денеска немавме ресурси да го вршиме транспортот на пациенти по воздушен пат. Ова е нешто што сакаме да го промовираме и е исклучиво во интерес на граѓаните. Изминатиов период Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Словенија остварија значителна соработка во областа на воздухопловството. Како резултат на таа соработка хеликоптерската единица на словенечката полиција донираше различна опрема за извршување на специјализирани воздухопловни операции меѓу кои и специјална опрема за извршување на летови за меѓу-болнички транспорт.Министерот Спасовски појасни дека опремата е компатибилна на двата хеликоптери марка “Бел“ кои ги користи Одделот за воздухопловни единици и истата се состои од медицински пакет кој овозможува  транспорт на пациентот  и целата медицинска опрема потребна за пациентот за време на летот. Монтажата и демонтажата  на медицинскиот пакет е процес кој не одзема многу време  т.е за десетина минути хеликоптерот може да се доведе од било која конфигурација во конфигурација за меѓу болнички транспорт и обратно.Истакнувајќи дека целта на овој систем е значително да се скрати времето на транспорт на високо ризични пациенти од помалите и подалечни болнички установи до поголемите медицински центри во Скопје, Спасовски рече дека времето потребно за транспорт на пациент од најдалечните медицински установи би се скратило од период на неколку часа со амбулантно возило на период од  40-тина минути со хеликоптер.Заменичката министерката за здравство, Маја Манолева, додаде:-Во соработка со Министерството за внатрешни работи, стартуваме транспорт на пациенти со хеликоптер од болниците во изолирани и недостапни региони при итни медицински состојби, првично до ГОБ 8 Септември, а во иднина имаме план за проширување на овој сервис и вклучување на повеќе медицински центри. За успешната реализација на проектот, опремивме хеликоптер со медицинска опрема од ГОБ „8 Септември“, вклучувајќи монитори за следење на витални параметри и инвазивен мониторинг, дефибрилатор, кислородна боца, аспиратор, како и лекови и друга медицинска дополнителна опрема што се предвидува според дијагнозата на пациентите што ќе бидат транспортирани. Освен медицинската опрема, во хеликоптерот ќе биде вклучен и медицински тим од лекар и медицинска сестра. Важно е да се потенцира дека транспортот е потполно бесплатен за пациентите.

Директорите на медицинските центри заедно ќе одлучуваа кој пациент ќе се транспортира на овој начин до клиниките во Скопје. Транспортот е целосно бесплатен за пациентот, а за потребата од ваков транспорт ќе врши стручна проценка директорот на установата од каде примарно е пациентот, како и според итноста на состојбата.Директорката на Клиничка болница Битола, Елизабета Ивановска рече дека посебно и е мило што денес во Битола се промовира овој проект значаен за битолското здравство и што најитните случаи брзо ќе се транспортираат во други клиники.

-Претходно реткост да се направи транспорт на пациент со хелихоптер, а тоа се пациенти на кои им е потребна итна медицинска интервенција во некој од клиничките центри, во акутни и ургентни состојби во интерна медицини, пост породилни компликации, ануризми, тешки трауми, сообрачајќи… Сега имаме хелихоптер за итен пренос опремен со медицинска опрема и медицински професионалци кои ќе дадар нега на пациентот кој брзо ќе биде транспортиран. 

More from ВестиMore posts in Вести »