Press "Enter" to skip to content

Традиционален годишен концерт на КУД “Илинден“ Битола насловен “Од ко ќе удре с’нце дур до мрак“ (фотогалерија)

Синоќа во големата сала на Центарот за култура во Битола се одржа традиционалниот годишен концерт, кој се одржува пред Нова година, на главниот ансамбл на КУД “Илинден“ од Битола.Годишниот концерт оваа година беше насловен “Од ко ќе удре с’нце дур до мрак“, а на него настапија сите ансамбли на ова наше, битолско, културно уметничко друштво “Илинден“.Годишниот концерт кој беше поделен на два дела, започна со детскиот концерт во 17  часот, а најмалите членови на “Илинден“ се претставија со разновидна програма што вклучува настапи на детските и младинските групи.Потоа следуваше концертот на главниот фолклорен ансамбл на “Илинден“ на кој беа изведени ора и сплетови на ора кои го обединуваат богатството на нашата традиција.Присутните кои ја исполнија два пати големата сала каде беше изведена впечатлива програма која вклучуваше песни и ора од Леринско поле, како и сплет на песни и игри од различни краеви на Македонија.Сите сплетови на ора беа музички следени од оркестарот на Друштвото предводен од Славе Наумовски – Чапче.На крајот на присутните им се обрати Антонио Димитровски кој зборуваше за тоа дека со секоја изведба, КУД “Илинден” продолжува да го обогатува културното наследство на Македонија и да го шири чувството за почит кон традициите и дека членовите на “Илинден“ се вистински амбасадори на македонската фолклорна сцена.На крајот од КУД “Илинден” истакнаа дека остануваат на својата мисија да бидат чувар на нашите традиции и известител на вистинската убавина на македонската фолклорна уметност.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »