Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер во АБА2 лигата од домаќинот, екипата на Широки

Пелистер – Широки 66:75

Екипата на Пелистер од Битола, како домаќин играше против домаќинот на третиот “балон“ екипата на Широки и е поразена со резултат 66:75, во напревар во кој имаа одлично прво полувреме.

“Пелистерци“ не успеаа да ја изненадат екипата-домаќин иако имаа добра насока во првото полувреме, односно коректно водство кое го направија во вториот период од играта, 37:31. Во второто полувреме кошаркарите на Пелистер лошо играа во нападот, а од друга страна противникот имаше одлична реализација. Пелистер го загуби второто полувреме,  а тоа е причината за неуспешниот старт на 3. “балон“ и за успех портив мотивираниот состав на Широки.

Најефикасни кај Пелистер Магдевски и Мијовиќ со по 12 поени, а по 9 постигнаа Бернард и од Костоски.

Пелистер, утре, среда навечер, од 21 часот ќе игра против екипата на Цедевита Јуниор.

More from ВестиMore posts in Вести »