Press "Enter" to skip to content

И Каспер Кисум заминува од Битола

РК Еурофарм Пелистер од Битола и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката.

-Во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 ќе настапува за друг клуб. 31-годишниот лев и среден бек остави силна трага во дресот на нашиот клуб и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона. Со неговата професионалност и неспорен квалитет клубот доби големи придобивки во неговиот едногодишен престој во Битола и вратите од нашиот клуб секогаш ќе бидат отворени за Каспер Кисум, стои во соопштението на Еурофарм Пелистер, кои му посакува приватни и професионални успеси на Каспер Кисум.

Кисум во првиот дел од сезоната постигна 12 голови во Лигата на шампионите, а редовно го носеше зелено-белиот дрес и во Суперлигата. 

More from ВестиMore posts in Вести »