Press "Enter" to skip to content

Новогодишна претстава за децата на вработените од Гимназијата  “Јосип Броз Тито“ од Битола при доделување на новогодишните пакетчиња (фотогалерија)

Деновиве  библиотеката на  Гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола доби магичен изглед. Во неа група ученици од трета година се подготвуваа за новогодишната  претстава за која напишаа и свое сценарио. Тема Дедо Мраз и Новогодишната магија на делење подароци. Претставата дел од свечениот чин на доделување на новогодишните пакетчиња на вработените од  Гимназијата во Битола.Најмалите со воодушевување се соживеаја со  учениците – актери кои ги пренесоа пластично  доживувањата на Дедо Мраз пред доаѓањето на Новата година. Многу се израдуваа кога тој им ги распредели новогодишните пактечиња.Библиотекар професор по право Зоран Ѓуровиќ ментор на учениците за  овој свечен настан со убав повод изјави:-Воочи  Новата 2024 година градот е во планирани припреми за нејзино обележување и сите забрзано се организираат. Меѓутоа сепак најмалите и најмилите се највозбудени и нетрпеливи што и како популарниот Дедо Мраз ќе им донесе и кога и каде ќе им се појави.Една таква возбудлива вечер со Дедо Мраз се одигра и на 21.12. 2023 година во библиотеката на СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито” во Битола. Учениците на своја иницијатива приредија инспиративна и возбудлива претстава за дечињата на професорите од Гимназијата и ги исполнија нивните фантазии за долго очекуваната средба. Детските широко отворени очи и стегнати рачиња само потврдија дека претставата беше со оригинален наратив и одлично припремена и избалансирана со добро одиграни улоги во кој учениците го покажаа својот талент и чувство за сценски настап.Народната вели дека крајот го краси делото и како што и обично бива за оваа прилика после многу неизвесност тоа беше појавувањето на Дедо Мраз и доделувањето на подароците. Ова беше само уште еден блесок на учениците од Гимназијата “Јосип Броз Тито”во обидот и децата и возрасните да се оддалечат од секојдневието и да влезат во непрегледното подзаборавено пространство на сопствените фантазии.Претставата ја подготвија учениците од трета година: Јана Мојсоска, Дамијана Ристевска, Изабела Кенковска, Ангела Ивановска, Филип Божиновски, Михаела Лазаров, Борис Граматковски и Михаел Дурловски сите ученици во трета година.

Присуствуваа поголем број дечиња кои заедно со своите родители уживаа во настапот на учениците.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »