Press "Enter" to skip to content

“Jingle bell symphony“ – Sarah Mace & the Christmas Girls кај Офицерски на 8. ден на “Зимската приказна“ во Битола (видео + фотогалерија)

Денешниот, саботен ден воедно и 8. ден од “Зимската приказна“ која ја организира Општина Битола за дочекот на Новата 2024 година, како и измината цела седмица, донесе програма на повеќе локации низ Битола, а настапија повеќе изведувачи и групи.Во вечерна програма, на платото пред Офицерски дом битолчани имаа прилика да слушаа  “Jingle bell symphony“ – Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерен Оркестар на Битола.

Потоа свој настап имаа и групата “Калабалак“ и групата “Деспина“.Во рамките на вневна програма кај Офицерски дом пред младата публика се претставија Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“, театарска претстава “Изгубената снегулка“ – Бабец театар, Новогодишен мјузикл за деца – “Балада арт продукција“, театарска претстава „Магична потрага по Дедо Мраз“ и театарска претстава “Замрзната Бајка“.Во “Офф програма“ настапија “Isavioloncello“ на Широк Сокак и Disney маскоти.Во Стара Чаршија се одржа Новогодишен Слоу Фуд базар“ на пешачка патека покрај река Драгор, потоа “Вплотеност на традицијата и современото“ Комуна на Армините-Власите „Браќа Манаки“ Битола. Настапија и “Магнум Бенд“, Миле Кузмановски и група “За Мерак“.

More from ВестиMore posts in Вести »