Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер со победа го најавија Купот во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Феникс 71:67

Кошаркарите на Пелистер во Битола во 17. коло од Првата македонска лига ја победија екипата на Феникс после тешка борба со конечни 71:67. Овој натпревар беше предигра за и генерална проба за двете кои ќе се сретнат во четвртфиналето на Купот на Македонија, в четврток попладне исто така во Битола. 

Првото полувреме мина за повеќе во знакот на гостите од Скопје. Феникс беше во добар ритам и создаде двоцифрена предност уште по првите десет минути (10:22). Битолчани возвратија во вториот период, направија резултат 15:21, и на полувремето имаа негатива од шест поени, 31:37.Пелистер тргна силно и фуриозно на стартот од вториот дел и заигра многу подобро во третата четвртина, се врати во игра и пред крајот на третата делница го презема водството, 54:52. Последните десет минути следуваше голема борба за бодовите, во која домашните кошаркари победија, за важен триумф со конечен резултат 71:67.Најефикасен кај Пелистер беше Јуре Планиниќ со 21 поени, Маслинко со 15 и Магдевски со 11.

More from ВестиMore posts in Вести »