Press "Enter" to skip to content

“Засекогаш во срцата“- традиционален концерт во чест на Тоше Проески со Камерен Оркестар (фотогалерија + видео)

Традиционално, во Битола шести по ред, емотивен концерт насловен „Засекогаш во срцата“ во чест на Тоше Проески, чие име е синоним за исклучителен талент и дарежливост и кој остави неизбришлив белег кај сите. И по 17 години од смртта на Тоше, ликот и неговото дело се вечни. Сите нови генерации знаат за Тоше, ги знаат неговите песни. Неговата музика и добрина продолжуваат да инспирираат. Голем број на луѓе кои се вклучени во проектот на Центар за култура Битола и НУ Камерен Оркестар на Битола се трудат неговите песни да ги слушнат што повеќе луѓе.Заради голем интерес и што поголем број вљубеници на добра забавна и поп македонска музика се органзираа  двата концерти кои се одржаа синоќа во голема сала на Центарот за култура. Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, на сцената  и гости од соседните држави, соработници на Тоше кои ги изведоа најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман.

Изведувачите: Наде Талевска, Гоца Тржан, Александра Трајческа, Ана Петановска, Катерина Јовановиќ, Ристо Самарџиев, Димитар Андоновски, Бојан Стојков, во придружба на Камерниот Оркестар на Битола се претставија со  голем дел од репертоарот на Тоше Проески меѓу кои и најдобрите дела од композиторите Кире Костов и Драган Каранфиловски Бојс.

Публиката уживаше во изведбите на „Тајно моја“, „Морска ѕвездо“, „Сонце во твоите руси коси“, „Полско цвеќе“, евергрините “Галебе мој тажен“, “Остала си увек иста“, Опасно сум вљубен во тебе“ и „Валерија“ на Драган Каранфиловски Бојс. „Лагала нас мала„ во дует ја изведоа Бојан Стојков и Димитар Андоновски.Гоца Тржан и Ристо Самарџиев успешен дует за песната „1200 милји“ која Гоца Тржан ја изведуваше заедно со Тоше Проески.Публиката уживаше во секој рефрен, но и пееше зедно со изведувачите, концертот беше музичко патување низ делата на едни од најголемите музички таленти на македонската музичка сцена.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »