Press "Enter" to skip to content

Нова рутинска победа на Пелистер Волеј во Битола и нов чекор кон Првата лига (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Универзитет Тетово 3:0

(25:04; 25:13; 25:15)

Сениорките на Пелистер Волеј во рамките на 13. коло од Втората Државна Лига на Македонија, во Битола во салата на Медицинското училиште ја совладаа екипата на Универзитет од Тетово со максимални 3:0.

Со оваа победа и нови бодови одбојкарките ја задржаа втората позиција на табелата и се чекот поблиску до зацртаната цел, Првата лига.Поените денес ги освоија: Меланија Каралиоска 13, Ивана Белокозовска 12, Анастасија Ристевска 10, Стефани Најдановска 9, Билјана Јаковлевска 9, Теона Славкова 6, Јована Симоновска 3, Марија Димитровска 2 и Ева Мијакова 1.

More from ВестиMore posts in Вести »