Press "Enter" to skip to content

Пионерките на Пелистер Волеј победуваат и во Купот (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Вардар Ем 3:0

(25:13; 25:10; 25:17)

После младинките и кадетките и пионерките се пласираа меѓу најдобрите 8 во Македонија односно во 1/4 финалето од пионерската државна лига и со тоа продолжува доминацијата на младинските категории во македонската одбојка.

Пионерките ја совладаа екипата на Вардар Ем од Скопје во една маестрална и апсолутно доминантна игра и ја израдуваа својата верна публика која цело време ги бодреше од трибините.Предводник на екипата беше капитенот Мила Андоновска со фантастични 19 поени колку што забележа нашата статистика.

Еве ја и листата на освоени поени: Мила Андоновска 19, Антонија Стојковска 13, Евгенија Јовчева 7, Ања Сековска 5, Анастасија Иванова 4, Марија Темелковска 3, Маја Маруши 1 и Михаела Шурбеска 1.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »