Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: малолетник бил физички нападнат и каснување од кучиња на Широк Сокак и кај Хераклеја

На 21.02.2024 во 17.00 часот во СВР Битола, У.С. (53) од Битола пријавил дека во објект во Новиот пазар во Битола, неговиот малолетен син, по кратка расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 21.02.2024 во 12.50 часот во СВР Битола, А.Н. (65) од Битола пријавил дека на ул. „Широк Сокак” бил каснат од куче скитник.

На 21.02.2024 во 13.45 часот во СВР Битола, З.Б. (40) од Битола пријави дека во близина на локалитет ,,Хераклеја” во Битола бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »