Press "Enter" to skip to content

Се монтираат рефлекторите, големите столбови ќе се “исправат“ деновиве (фото)

Под Тумбекафе во Битола стручни екипи на изведувачите на работите работат на монтирање на рефлекторите на големите столбови за осветлување на стадионот “Петар Милошевски“, кои се дел од инфраструктурните услови за напредокот на фудбалот во Битола. Според зборовите на изведувачите при крај е монтажата на рефлекторите на столбовите кои, а се очекува во почетокот на идната седмица да започне со поставување на големите столбови на претходно подготвените бетонски постаменти.Паралелно се одвиваат градежни работи околу постаментите каде ќе се поставуваат столбовите за полесно оперирање на големиот кран со кој треба да се подигнат и постават столбовите.Рефлекторското осветлување на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола е обезбедено од страна на Фудбалската федерација на Македонија во рамки на програмата “Хет – трик четири“, за што во Битола беше и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.Претходно за прв пат во историјата на Битола се запалија рефлекторите на новата трибина, а беше монтирана и нова  трафостаницата за струја која ќе ги напојува рефлекторите.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »