Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола беа доделени наградите за кус расказ кои оваа година беа на тема “И цвеќе и шлаканица“, а ги одреди комисијата во состав: Илче Стојановски – НУУБ “Св. Климент Охридски“ Битола , Маргарита Кочанковска Папачек дип. професор по Македонски јазик и книжевност и Светлана Папачек од Организација на жени од Битола.
Едногласно во категорија ученици наградени се:
Прва награда: шифра ученик 20122007, Миа Диневска од Битола
Втора награда: шифра желба, Сања Костадиновска од Битола
Трета награда; шифра 1202007, Нина Велиновска од Ресен
Во категорија возрасни наградени се:
Прва награда: шифра бистра вода, Весна Апостоловски од Битола.
Втора награда: шифра 135/96, Емилија Карафилоска од Охрид
Трета награда: шифра ветер, Наташа Брезовска – Богоевска од Велес.











