Во паркот кај Градскиот часовник во Битола се одбележа значаен јубилеј, дваесет години од постоењето на спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола.
Спортско качувачкиот клуб Вертикал од Битола одлучи, а го организира одлично со забавно-рекреативни содржини, а најинтерсно за големиот број битолчани кои беа таму беше ревијалниот натпревар во качување на гајби.
Прво членовите на Вертикал ги покажаа своите вештини, а потоа им се приклучија и млади и повозрасни битолчани кои се обидоа, и за среќа, се искачија на поголем број на вертикално поставени гајби, за што добија и многу аплаузи.
-Спортското искачување, што многумина не знаат, е олимписки спорт, а нам кои сме во овој клуб ни останува недежта дека во овој, пред се индивудуален спорт, ќе успее да дојде до Олимпијада, порачаа од Вертикал, кои се потрудија со овој настан прво да го претстават овој спорт, а и да популаризираат кај младите.
Инаку, спортско качувачкиот клуб Вертикал е активна и успешна приказна што постои од 2004 година. Станува збор за спортски клуб кој во своето дводецениско постоење остави длабоки траги во спортската култура не само во Битола, туку и низ цела Македонија, особено во полето на качување на карпи.
По повод 20. роденден, беше поставена и изложба на фотографии од активностите на членовите на СКК Вертикал.

По повод 20 години спортско качувачкиот клуб Вертикал Битола заедничка дружба и натпревар во “качување на гајби“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Комплетирана Green Tech Pelagonia – проект на Преда Плус добредојден во CoSpace и студентскиот центар за претриемништво на УКЛО КОЛОРС
- СВР Битола: притвор за битолчанец ја тепал сопругата со метални и дрвени предмети, друг за нарушување на јавен ред и мир
- Во Битола сончево и топло со мала облачност, температурата до 26 степени
- Стефанија Алексовска од Битола финалист на Светското првенство во куглање до 23 години во Австрија
- Коцкаро од Битола со специјално признание за авто-слаломот со историски возила
More from СпортMore posts in Спорт »
- Стефанија Алексовска од Битола финалист на Светското првенство во куглање до 23 години во Австрија
- Коцкаро од Битола со специјално признание за авто-слаломот со историски возила
- Кадетите на Пролет први, Еурофарм Пелистер третопласирани на “Ф4“ кој се одржа во Битола (фото)
- Пелистер со победа над Башкими во регулатниот дел, за бараж за опстанок ќе игра против Шкендија Арачиново
- Бронза за крај – Пелистер ја доби мајсторката со ТФТ








