Press "Enter" to skip to content

7. издание на “Џез фактори фестивалот“ во Битола започна со концерт на “Julia Siedl trio“ (фотогалерија)

-Вечерва во Битола доделена наградата која го носи името на џез доајенот во Битола “Гоце Димитровски“ за прв пат на битолчанец Давид Скерлевски, а ја додели сестрата на Гоце, Ленче.Годинешното 7. издание на “Џез фактори фестивал“ вечерва во Битола започна со одличен концерт, на радост и за уживање на битолските љубители на џезот на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар Битола.На свеченото отворање беше присутен амбасадорот на Франција, грчкиот конзул, почесниот конзул на Франција во Битола, директорот на Францускиот институт, гости од Кикинда, љубители на џезот од нашиот град.Годинашната наградата која го носи името на џез доајенот во Битола “Гоце Димитровски“ за прв пат ј доби битолчанец Давид Скерлевски, а ја додели сестрата на Гоце, Ленче. Наградата се доделува во соработка со Општина Битола.Директорот на “Џез фактори фестивал“, Сашо Поповски на свеченото отворање рече:-Сакам да поздравам сите кои сте тука. Седум години да се произведува култура не ни малку лесно посебно во општество кое што не знае да ја цени културата, но ние ќе издржиме. За прв на сцена ќе имаме артист од Австрија, на што сум многу горд и ќе се претстави со проект кој ние го организираме уште со наши двајца соработници од Бугарија, а ова ќе биде еден интенационален проект кој е создаден само за “Џез фактори фестивал“. Вечерва Фестивалот, кој од година во година прераснува како музички бренд на Битола, беше отворен со настапот на 𝐉𝐔𝐋𝐈𝐀 𝐒𝐈𝐄𝐃𝐋 𝐓𝐑𝐈𝐎, Julia Siedl (пијано, вокал) Михаил Иванов на котрабас и Борислав Петров на тапани.Вечерва програмата продолжува со настапот на “Максимовски Јунајтед“ во кафе-бар “Порта Џез“.Утре на програмата на“Џез фактори фестивал“ ќе бидат Гоце Мицанов Трио (Македонија) и “UNLEASHED COOPERATION“ од (Полска). Во “Паб Бурбон Стрит“ со поддршка на локалната културна сцена во Битола, програмата продолжува со диџеј сетот на Иле The Hair.

Текст и фото: Сашо Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”1927″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ images_per_page=”26″ order_by=”filename”]

More from КултураMore posts in Култура »