Press "Enter" to skip to content

На втората вечер на “Џез фактори фестивал“ настапија “Гоце Митанов трио“ од Македонија и “Unleashed coopreration“ од Полска (фото)

На втората фестивалска вечер на 7. по ред “Џез фактори фестивал“ кој се одржува во Битола, сцената на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ беше резервирана за настапот на “Гоце Митанов трио“ од Македонија и “Unleashed coopreration“ од Полска.Вечерашните настапи ги најави и кратко се обрати кон публиката директорот на “Џез фактори фестивал“, Сашо Поповски.Живата легенда на македонскиот џез, Гоце Мицанов, кој го паметиме по историските џез имровизации и маестралниот звук на тенор саксофонот во албумот “Као Какао“ на Леб и Сол пред публиката во Битола се претстави со дел од своот раскошен опус.Џез уметникот, Гоце Мицанов, кој во кариерата имал привилегиза да jа дели сцената со големиот Pej Чарлс, кој пред концертот рече:

-Ова е за прв пат да настапуваме на “Џез фактори фестивал“ кој се одржува во Битола заедно со моите колеги со кои за прв пат јавно настапуваме. На тапани е Ренџов, а на бас Иван Пејков. Ќе уживате во концерот во кој ќе исполниме само мои изведби.После настапи и џез квинтетот “Unleashed coopreration“ од Полска на свој оригинален начин ги истражува различните концепции во џез уметноста. Идеите зад групата се жанровска отвореност и слобода на музичко изразуваье. Музиката на “Unleashed coopreration“ е резултат на долгогодишни индивидуални искуства и истражувана во длабочините на џезот, слободната импровизација и етно музиката.

More from ВестиMore posts in Вести »