Press "Enter" to skip to content

Заеднички, завршен, концерт на млади музичари од Битола и Вуковар од проектот “Вуковарска голубица“(фотогалерија)

Синоќа во свечената сала на Офицерски дом во Битола се одржа завршниот концерт синоќа на гостите од Вуковар, Хрватска од основното училиште “Драгутин Тадијановиќ“ – музичкиот оддел и учениците на Државното музичко училиште Битола.Присутни на завршниот концерт од проектот “Вујоварска голубица“ беа градоначалникот на Битола Тони Коњановски, заменикот Бојан Бојкоски, претседателот на Хрватскиот центар Марко Марулиќ – Бранко Маретиќ, бугарскиот конзул, дипломати од Хрватската амбасада предводени од дипломатскиот советник Никола Бајиќ со сопругата, професори од улиштата, ученици, љубители на овој вид музика.Организатор на овој концерт беше Хрватскиот културен центар МХД “Марко Марулиќ“ Битола, а во име на организаторот гостите ги поздрави и за концертот зборуваше Неда Маретиќ, која нагласи дека концертот е еден начин на зближување на младите музичари од двата града, од кој може да излезат и други музички проекти.Директорот на Битолското музичко – Кирил Стојчевски, за проектот и концертот рече: -Ова е чест и задоволство за нашето училиште да биде заедно со еден убав град со млади ученици, да се споиме преку убава музика, на иницијатива на нашиот колега Трајко Миновски, кој ќе се јави и како диригент. Се надеваме дека овој почеток на оваа соработка, со потпишувањето на меморандум со учиштето од Вуковар ќе биде темел да ја шириме оваа соработка не само со градот, туку и насекаде низ Хрватска, но и да бидеме добро домаќини.Гостите ги поздрави и директорката на вуковарското училиште Лидија Милетиќ која додаде:-Ве позрдавувам сирте во овој прекрасен град Битола, во убавата и сончева Македонија. Ги поздравувам домаќините и гостите во оваа прекрасна сала, посебно улениците. Се надевам дека дека ова почеток, кој во музиката ќе ги отвори сите врати, на јазик кој сите го познаваме. Се надевам дека учениците ќе уживаат во изведување на музиката и од ова пре излезат и нови пријателста. Ние преку музиката ќе ја искажеме нашата благодарност за гостопримството во Битола.Младите уметници од Вуковар и Битола добија долготрајни аплаузи и стоечки овации.

More from ВестиMore posts in Вести »