Press "Enter" to skip to content

„Жена убиец“ на режисерката Ева Натена вечерва во Битола го отвора Фестивалот на грчки филм

Фестивалот на грчки филм кој се одржува по четврти пат, годинава за прв пат ќе се одржи покрај во Скопје и во Битола. Вечерва во 20 часот свечено ќе биде отворен во Кино Манаки со проекција на филмот „Жена убиец“ на грчката режисерка Ева Натена.

Ева Натена е родена на Крит. Студирала на Атинската школа за ликовни уметности. Работела како асистент на сценографот Дионисис Фотопулос, а потоа продолжила да работи со театарски и филмски режисери како Коста Гаврас и Пантелис Вулгарис. Трипати била наградувана со Државна награда за костимографија.

Базиран на класичното ремек дело на Александрос Пападијамантис, филмот „ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА“ се одвива на оддалечен остров во Грција, околу 1900та година. Хадула, која го изгубила својот сопруг на млада возраст, е жена која научила да преживува во крајно патријархално општество.

Но Хадула не толку лесно ја прифаќа таа судбина. Нејзината лична, внатрешна, бликава револуција набргу ќе биде изразена. Жртви на нејзиниот испад се малите девојчиња на островот, кои таа ги ослободува од општествениот и економскиот товар што го носи нивното постоење… со одземање на нивните животи. Нејзините постапки ќе ја доведат лице в лице со властите

More from ВестиMore posts in Вести »