Press "Enter" to skip to content

Вечерва премиера на НТ Битола претставата на “На дното“ во режија на Ќендрим Ријани

Народниот театар од Битола вечерва ја има својата трета премиера за оваа година, а таа ќе биде претставата “На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, по текст на Максим Горки.На дното“ е пиеса од Горки која датира од 1902 година а овој фундаментално значаен писател како да ја исцртува еволуцијата на светските филозофски идеи од паганството и христијанството до идејата за „натчовекот“ на Ниче, односно како чекор по чекор се создаваат најповолни услови за прогласување и одобрување на новата на онаа на Горки – филозофија на човекот.

Иван Јерчиќ, директор на НТБ и еден од актерите, на прес конференцијата рече:-Прес конференцијата ја одржуваме по повод најновата претстава на НТБ “На дното“ по текст на Максим Горки и во режија на Ќендрим Ријани, нашиот стар добар пријател кој пред две години работеше кај нас. Соработката со оваа престстава ја продолжуваме. Оваа претстава е една голема екипа, составена од многу штрафови на механизмот наречен “На дното“. Направивме една претстава која на некој начин е продолжување на неговата уметничка и воопшто животна естетика. Една голема екипа составена од многу штрафови од механизмот на “На дното“. Народниот театар – Битола ги третира старите теми на некаков современ начин и ги аплицира на денешното живеење и затоа сум посебно горд што секој лик во претставата пред се функционира внатре како некој механизам кој е блиску до совршено направен. Претстава, која се надевам, дека нема секому да се допадне бидејќи третира некои работи од нашето живеење и овој дехуманизиран свет во кој што живееме. Но има и хумор, кисел и остар хумор, но сепак е одраз на нашето живеење. 

Ријани го организира метатекстуалниот простор во претставата на начинот на кој веднаш ни открива дека „идеологијата“ на ликовите, кои овде се „полу-луѓе“ и „ѕверови“ денес е луксуз, дека сите и засекогаш во исто време се заглавени овде каде нема влез и излез, а на пресот рече:-Ова ми е втора режоја во битолскиот театар, со еден многу добар и прекрасен ансамбл. Овој пат се вратив со дело кое има повеќе ликови, односно пет актери повеќе од првата претстава.  Ова е актерско дело на прекрасни ликови освен што има многу добар субјект. Мислам и верувам дека стигнавме до една многу добра претстава. Прекрасни актери и мислам дека имавме еден креативен процес во кој сите актери го најдоа најдоброто од своите прашања што треба да ги поставува преку ликот на Горки. Имавме креативен проецен на создавање на претставата, а сите актери дојдоа до ликот на делото на Горки. Ова дело е и порано поставено на Македонија, но во ваква естетика за прв пат се појавува. Се надевам дека сме направиле нешто старо-ново, но добро. 

За претставта и целиот процес говореа уметничкиот директор и актер Илина Чоревска, и актерите Маја Андоновска – Илијевски и Никола Стефанов.

Чоревска рече:-Ќендрим е скромен кога говори за претставата и начинот на кој тој работи. Тој е еден од помладите режисери кои успева кој актерот да буди прашања во текот на целиот процес и актерот да се преиспитува во текот на целиот процес и дава некакви одговори. Тој го прави тоа на некој суптилен начин за на крајот да добиеме еден ваков одговор на целиот процес кој што се вика „На дното“. Затоа многи го сакаме поради неговиот суптилен начин. Јас ја играм Василиса, газдарицата на пансионот, жена која животот воопшто не ја галел и затоа станува одвратно, неизмерно тажна и проклета. Се свети на нејзината сестра Наташа… Имаме исклучителна можност да го коментираме времето во кое живееме и мислам дека треба со голема слобода да го правиме тоа бидејќи не знам дали се движиме на правилен начин, не само кај нас туку и во целиот свет. Не само што ние имаме слобода да го коментираме тоа зло и ѕверство што постои кај луѓето, туку и публиката ќе има можност да си го постави тоа прашање и никако нема да излзезе од оваа претстава како да и е сеедно.

Актерката Маја Андоновска-Илијевски за нејзиниот лик, ликот на актерката, кој е оригинален машки лик, и за претставата рече:-Мене ми е драго што прв пат после две години повторно ми се случува претстава во битолски театар, и тоа не случајно со Ќендрим Ријани, режисер кој многу го почитувам, со кој мног разговаравме додека беше во Битола за првата претстава. Од кога почнав да зреам како човек се прашувам какво е ова време во кое живееме, дали постои поголемо дно кога ќе почнат да се случуваат некакви страшни работи за кои сме сведоци дека постајно ни го вознемируваат секојдневието на различни теми. Во изминатиот месец и пол кој беше интензивен со проби се прашувам дали постои поголемо дно, дали живееме на дното и дали сме се родиле во ова дно или во процесот на нештата сме стигнале до ова дно. Можам само да направам паралела дека секое време си има свое дно, дека човештовото никако не учи од сопствените грешки. Постојаното копнеење дека надвор од ова дно не очекува нешто подобро никогаш и никако не е одговорот дека нема некое поголемо дно. Со оваа проблематика се занимава оваа претстава и ги коментира сите дна коишто човекот ги живее. Оваа претстава не се врзува за едно време. Таа ќе те прошета од минатото до иднината, можеби ќе ја прескокне сегашноста но многу остро и јасно ќе не пресече секој на различен начин бидејќи сите ние се наоѓаме на различно лично дно па потоа и на општествено дно.

Младиот актерот Никола Стефанов рече: -Ова е моја втора соработка со Ќендрим Ријани и втор пат го работам овој текст кој претходно го постави Штипскиот театар во 2016 година. Претходно го играв актерот сега Васија. Ова е многу актуелен текст бидејќи светот некако оди во буквално дно и поголемо дно. Имаме претстава која пред се  беше комплицирана за работа бидејќи сме шеснаесет луѓе и требаше да се сплотиме во едно. Ова беше процес на колектов, кој дишиме како еден, а претставата допрва ќе се развива во еден поубав правец.Во претставата играат: Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Маја Андоновска – Илијевски, Марија Стефановска, Сандра Грибовска Илиевска, Анастазиа Христовска, Иван Јерчиќ, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Александар Димитровски, Никола Пројчевски, Александар Стефановски и Никола Стефанов.

More from ВестиMore posts in Вести »