Press "Enter" to skip to content

Камерниот оркестар на Битола преку “Македонски Вруток“ ги изведе делата на великаните на македонската музика (фотогалерија)

Синоќа во Офицерскиот дом во Битола се одржа уште еден концерт на НУ Камерниот оркестар на Битола, под диригентство на Борјан Цанев, на кого ова му прва соработка со оркестарот.Концертот под наслов „Македонски Вруток“ ги славеше животите и делата на великаните на македонската музика и беше посветен на композиторите кои се камен темелник на македонскиот музички идентитет.Тоа се: Кирил Македонски, Томислав Зографски, Ристо Аврамовски, Љубомир Бранѓолица, Благој Цанев, Властимир Николовски, Дамјан Темков и Драган Шуплевски.Овие извонредни композитори се дел од втората генерација на повоени македонски композитори, чии дела не само што го збогатиле нашето културно богатство туку и продолжуваат да влијаат на новите генерации музичари. Нивната музика е мост кон нашето минато, но и светилник кон иднината.

“Адаџо“, “Ламенто за Македонија“, “Медитеранска суита“, “Адаџо за Ана“, “Капричо“ се дел од композициите на овие извонредни композитори од втората генерација на повоени македонски композитори кои се изведоа вечерва.Концертот вокално го збогати сопранот Гонца Богоромова – Краповски која ги отпеаа “Марика Мома Убава“, “Калеш Анѓа“ а особено впечатлива и емотивна беше изведбата на “Цветови“ по текст на Славко Јаневски а музика на Дамјан Темков.Своја соло точка на флејта имаше и Ангела Димковска, која го придружуваше оркестарот во изведбата на “Гајдарско“.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »