Деновиве во пресрет на 90-годишнината од раѓањето на виртуозот во македонската литература, големиот и бесмртен Петре М. Андреевски, од печат излезе поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“ од македонскиот писател Зоран Пејковски од Битола посветена на Петре М. Андреевски.
Рецензенти на ова грандиозно поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски. Издавач е познатата издавачка куќа „ПНВ-Публикации“ од Скопје.
Инаку оваа е прва објавена книга во 2024-та година, и шеста поема од вкупно 65 книжевно – драмски, поетски, прозни, научни, публицистички и преведувачки остварувања на Пејковски.
Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ е новото книжевно – поетско дело на македонскиот писател Зоран Пејковски, која е посветена на безвремениот и бесмртен Петре М. Андреевски, а по повод одбележувањето на 90-годишнината од неговото раѓање.
Рецензенти на ова значајно книжевно – поетско дело се: академик Катица Ќулавкова, Јордан Плевнеш и Владимир Илиевски.
Во својата рецензија, академик Катица Ќулавкова ќе напомене:.. „Поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ од Зоран Пејковски е посветена на големиот македонски поет Петре М. Андреевски, по повод 90-годишнината од неговото раѓање. Поемата е составена од 25 (дваесет и пет) пеења….Поетот Зоран Пејковски го најавува широкиот тематски распон на поемата и нејзината воздигната трогателна и свечена патриотска и химнична интонација. Се работи за големата и трагична македонска историска приказна која оставила свои траги во просторот и времето, во јазикот и преданието на Македонците, кои „Ги измешале небото и земјата (…) предавствата и херојствата“. Љубовта е засенета од презирот спрема предавствата кои биле секогаш извор на најголеми лични и колективни страданија. Ако треба да се опише македонското поднебје и македонската историја, тогаш треба да се потсетиме на тоа дека Тие, Македонците, ги мешале небото и земјата, сакралното и
профаното, паганското и христијанското, минатото и сегашноста.
Рецензентот Јордан Плевнеш за поемата: „Се умира ли од премногу сакање?!“, меѓу другото ќе напише:….
„Македонскиот современ поет Зоран Пејковски со поемата „Се умира ли од премногу сакање?!“ посветена на 90-годишнината од раѓањето на големиот македонски писател Петре. М Андреевски (1934-2006) докажува дека независно од историските услови во кои е создаван македонскиот идентитет во европскиот лавиринт, македонското писмо и писание се остварува и покрај негациите и политичкиот терор кој и денес е присутен на историската сцена кога ќе се спомене името Македонија. Таа се доживува како „елементарна непогода“ на Балканот кој уште Маркс го нарекува „Магарешки мост на европската дипломатија“. Поемата на Зоран Пејковски содржи 25 пеења и низ длабоко рефлексивна јазичка сонда која ги поврзува вековите во духот на поетиката и јазикот на Петре М. Андреевски, ја става неговата поема „Дениција“ како Основен столб врз кого се гради поетскиот наратив и тој „Curiozum mundi“ како што Мирослав Крлежа ја нарекуваше Македонија. Дениција како што е познато е објавена во ревлуционерната година 1968 и нејзиниот познат стих од кого беа потресени повеќе балкански разузнавачки служби кои ги пренесуваа своите „зони на опасност“ во светските центри на воената моќ гласеше: „Кога ја љубев Дениција како да учествував во создавањето на првата македонска држава“!











