НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола организираше настан по повод Денот на планетата Земја и Светскиот ден на книгата и авторските права. Учесниците на настанот се појавија маскирани во различни ликови од омилени книги и филмови, животни од приказни, историски ликови, супер херои и со пораки за заштита на планетата Земја.
Настанот креираше волшебна атмосфера, сите се забавуваа и ја изразија својата љубов кон книгите и природата.
Присутните на настанот уживаа во различни активности како читање на кратки приказни за заштита на животната средина, дискусии за важноста на книгите и заштита на планетата Земја.
Настанот беше преубав и со позитивен одзив од страна на посетителите. Се надеваме дека овој настан не само што ги забавуваше учесниците, туку и ги поттикна да размислуваат за важноста на заштитата на нашата планета и да ја насочат својата љубов кон книгите во посока на образование и креативност.
Им благодариме на учениците и наставниците од основните училишта “Даме Груев“, „Тодор Ангелевски“, ОУРЦ “Кочо Рацин“ – Битола и “Розета Стоун“.

Библиотеката го одбележа Денот на Денот на планетата Земја и Светскиот ден на книгата и авторските права
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










