Press "Enter" to skip to content

Костовски со благодарност кон публиката и повик сите заедно до финале на следниот натпревар во Битола

Екипата на Пелистер по синоќешната победа во Битола дојде до резултат од 2:1 над Работнички во полуфиналната серија од пет натпревари и се наоѓа на  чекор до нов пласман во големото финале на македонската кошарка. 

Александар Костоски одново беше еден од најдобрите поединци на пелистерци, а по средбата испрати искрена благодарност до битолчани и „Чкембарите“.

-Пред да кажам што било за натпреварот, прво сакам да и се заблагодарам на оваа публика. Фала Битола, фала “Чкембари“, фала на сите други што дојдоа. Би сакал да ги повикам да дојдат сите и на следниот натпревар кој, во случај на победа, треба да нè одведе во посакуваното финале, рече Костовски по натпреварот, а за самиот натпревар додаде:

-Имаше огромна нервоза, желба и адреналин. Сакаме уште во првата четвртина да го решиме натпреварот, со еден потег сакаме да направиме чудо. Така е секогаш во плеј-оф натпреварите. Но, на крај важно е кој ќе победи, а не кој како ќе одигра. За следниот натпревар треба да бидеме поокусирани, да имаме поголема желба и енергија“, рече искусниот кошаркар на Пелистер.

Следниот натпревар од полуфиналната плејоф серија меѓу Пелистер и Работнички се игра следната недела, повторно во салата „Боро Чурлевски“.

More from ВестиMore posts in Вести »