Press "Enter" to skip to content

Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола, овој пат и фестивал “Весел петок“ (фотогалерија)

Текст и фото: Дамијана Ристевска

-И година започна со дефилето низ населбата, а во рамките на Фестивалот “Весел петок“ во Центарот за култура во Битола се одржа концерт на кој настапија друштва од Македонија, Хрватска и Србија.

-Населението што се доселувало во Битола со себе ги носело и своите обичаи, си имале своја слава. Но, си имале и една најголема, заедничка, градски,односно селски Велигден.

-Гостите од селата кои доаѓале во Битола, го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата. Традицијата мора да се чува, негува, презентира и пренесува. КУД Илинден од Битола го прославува Градски Селски Велигден во Гинимале (Јени Маало). И годинава во жителите на една од најстарите битолски маали, Јенимаале (Гинимале), ја продолжија вековната традиција наречена, Градски-селски Велигден, која само тука се одбележува на овој начин. а празникот Источен Петок – Балаклија, на првиот петок по Велигден, централна манифестација на одбележувањето на празникот се одржа настапот во рамките на фестивалот “Весел петок“ кои поради врнежите од дожд се одржа во Центарот за култура во Битола. Повозрасните жители на оваа населба денес се присетија на оваа стара традиција која единствено тука вака се одбележува, а и отворија вратите на своите домови за роднините и пријателите не само од селата, кои за жал се помалку ги има, туку и за сите пријателите битолчани, кои годинава ги имаше во голем број. После дефилето низ Ѓонимале, оваа важна традиција беше презентирана пред многубројната публика во НУ Центарот за култура во Битола. Членовите на КУД Илинден Битола настапија заедно со гостите – детските ансамбли на КУД Илинден Демир Хисар, АНИП Орце Николов Скопје, ГАНИП Пожаревац од Србија и КУД Далмација од Дуги Рат во Хрватска. Ова беше повеќе од само настан – концертот беше вистинско прославување на фолклорот кој што ни е оставен како аманет за да го зачуваме за следните генерации.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »