Press "Enter" to skip to content

Помладите пионери на ФК Пелистер го победија Шкупи во Супер лигата на ФФМ (фотогалерија)

Пелистер – Шкупи 1:0 (1:0)

Денес на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола помладите пионери од ФК Пелистер го одиграа 21. коло од Супер лигата на ФФМ против ФК Шкупи. Младите фудбалери на ФК Пелистер беа надмоќни во играта и победија. Голот за победата го постигна Никола Капсаров во првото полувреме. Тренерот Горан Ганчев на младата екипа беше задоволен од играта на своите играчи.

За тимот на Пелистер денес под стадионот настапија: Михаил Јовчевски, Филип Лазаревски, Леон Елмазовски, Христијан Плушковски, Даниел Матевски, Давор Димовски, Петар Ристевски, Јован Дурлов, Јаков Пресилски, Мартин Талевски и Никола Капсаров. Во наредното коло помладите пионери ги очекува ФК Брегалница.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »