Press "Enter" to skip to content

25. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, под мотото “Слободата живее тука“ (фото)

-Актери од девет држави ќе се натпреваруваат на 25. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, кој од 25 до 31 мај ќе се одржува во Битола. На свеченото отворање ќе се одржи манифестацијата “Глумците пеат“, а натпреварот за награди в недела ќе го отвори актерката Марија Меденица од Нови Сад со монодрамата “Без откажаување“.

Под мотото „Слободата живее тука“ од 25. до 31. мај во Битола ќе се одржува јубилејното 25.  издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. Во официјална конкуренција се 10 претстави од: Србија, Хрватска, Бугарија, Ерменија, Казахстан, ОАЕ, Грција, Турција и Македонија. Жирито кое го ќе го додели фестивалското гран при е во состав: Зоја Бузалкова, Билјана Драгичевиќ – Пројковска и Нина Мазур.Маја Андоновска – Илијевски, директор на Центарот за култура, на денешната прес-конференција по повод годинашниот фетивл, рече дека фестивалот се отвора со шоу спектаклот “Глумците пеат“ со 90 учесници на сцена од кои 40 актери и 30 музичари и додаде:

-Ова е фестивал кој што покажа и докажа дека монодрамата како театарска форма е многу значајна за актерот и ова единствен фестивал кој го слави актерот и исклучиво актерот. Нашето мото „Слободата живее тука“ е една директна асоцијација дека актерите и уметниците се во константна трка по постојана слобода која што ја наоѓаат на сцените кои творат. Интересен податок за публиката е што ако после короната и затворените граници, имаше хипер продукција на монодрами, направивме и македонски фестивал и имавме безброј претстави што сакаа да бидат дел од фестивалот, оваа година фестивалот застана на своето вообичаено темпо што значи дека се работат помал број на монодрами, но, она што годинава ќе има можност публиката да го погледне е навистина со исклучителен квалитет. 

Љупка Коларова-Пајевиќ од почетокот на Фестивалот, во сите 25 години постоење е стручен соработник и во организацијата на Фестивалот на монодрамата и на прес-конференцијата рече:-Во 1999 година го започнавме фестивалот во Битола, во тогашниот Дом на културата. Фестивалот во изминатите 25 години доживувал и подеми но, и падови. Публиката е желна за Фестивалот, а ги полни театарските сали за време на одржувањето на Фестивалот. Минатата година она што им го ветивме на публиката оваа година ќе го оствариме, а за годинашниот фестивал додаде дека минатата година после долга пауза се распиша конкурс за монодрамски текстови, а оваа година ќе биде промовирана и книга со најдобрите три монодрамски текстови.

-Првите години имавме и конкурс за монодрамски текст. Сакавме да ја збогатиме литературата и културата во Македонија со монодрамски текстови. Тоа беше првите неколку години и за жал се прекина. Сега повторно го распишавме и реализиравме конкурсот. Се надевам прво публиката па и книжевните кругови ќе бидат задоволни, а се разбира и актерите и драмутрзите кои ќе можат да црпат од тоа творештво.

Селекторот на фестивалот Петар Мирчевски за годинашниот избор на монодрами кои ќе се прикажат пред публиката и жирито рече:-Мислам дека имаме интересна театарска продукција на монодрами и мислам дека овие монодрами ќе задоволат сечиј вкус. Од македонските претстави публиката ќе има можност да ги проследи монодрамата на Здравко Стојмиров во продукција со Битолскиот Народен театар „Фетишист” и претставата на продукцијата “Охо” со актерот Игор Ангелов во режија на Дејан Пројковски, а додаде :

-Годинава, имавме претстави кои за жал од оправдани причини не беа во можност да гостуваат како театарот од Тунис кои имаа проблем со визата а имаа извонредна претстава и еден германски актер којшто имаше феноменална монодрама но, доби голема улога во филмска продукција и со жалење ни се извини дека нема да биде во можност да присуствува поради поклопување на термините.

Покрај официјалната програма фестивалот ќе има и ОФФ програма која ќе се реализира во Центарот за култура и неколку локации низ градот. На Широк Сокак кај Офицерскиот дом во Битола ќе настапи перформер во делот предвиден за најмладите. Во офф-програмата ќе настапат од “Статуа фест” и на четири локации на Широк Сокак, битолчани ќе имаат можност да погледнат како изгледаат живи статуи. Ќе биде издадена и монографијата „25 години Фестивал на монодрама“. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »