Пелистер – Алкалоид 32:28
Ракометарите на Пелистер вечерва во Битола ја одбранија титулата во Суперлигата на Македонија откако денеска на домашен терен во натпреварот да се биде или не славеа над Алкалоид со 32:28.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со овие три бода, имаат 41 бод на првото место, пред вардарци кои го победија Бутел и сепак останаа на втората позиција со 39.
Пехарот во име на клубот го презеде капитенот Филип Кузмановски, а ова за битолчани е осма титула.
Најефикасни во победничкиот тим беа Радивојевиќ и Манасков со по шест голови, додека браќата Митеви постигнаа по шест погодоци за Алкалоид.
По завршувањето на мечот почна и фештата во Битола, а ракометна Македонија и оваа година ќе остане зелена.










