На стадионот на фудбалскиот клуб Поешево во село Поешево се одржа третиот по ред фудбалски турнир “Борис Венгер“ кој го организа неговиот клуб, во чест на прерано починатиот тренер Борис Петковски.
На овој турнир на ревијалниот натпревар учествуваа покрај домаќинот екипата на Поешево, и тим во кој играа поранешни играчи на Поешево, од неколку генерации.
На почетокот на турнирот уесниците и гостите се потсетија кој беше Борис Петковски, легендарен тренер на фудбалскиот клуб Поешево, кој сите во опптинските лиги и пошироко, едноставно го нарекуваа “Борис Венгер“.
–Овој фудблалски турнир го организираме во чест на големиот вљубеник во фудбалот, тренерот на фудбалерите од Поешево, носител на сите активности за фудбалскиот клуб од нашето село, кој за жал прерано почина. Ние во знак на почит и сеќавање за него и неговото дело, кое беше големо за фудбалот во село Поешево, и заради тоа што беше наш голем пријател и поддржувач, го организираме овој турнир, трет по ред, знаеме дека не е голем, но за нас кои сме тука на теренот во Поешево, е огромен, бидејќи сите се присетуваме на еден голм човек, вљубеник во фудбалот, ни рече Тони Мицевски.
Гости на турнирот беа Митко Стојковски и Ванчо Мицевски претставници на ФК Пелистер, поранешниот тренер Кире Груевски – Чарлино и други пријатели на Борис Петковски.
Пред почетокот на натпреварот делегација од ФК Поешево положи цвеќе на неговото вечно почивалиште, а сите потврдија дека нема да го заборават и дека и во иднина на ваков начин ќе му оддаваат почит.

Трет фудбалски турнир “Борис Венгер“ во Поешево (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Започна изградба на пречистителна станица во село Добромири
- Актерот Тони Наумовски е добитник на наградата „Мето Јовановски“ на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“
- Во Битола сончево и топло, температурата до 31 степен
- По трет пат во Битола ќе се одржи “Street food Festival“
- Советот за превенција од детско престапништво од Битола подготви прирачник за обука на стручните служби за малолетничка деликвенција
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер потпиша уште еден среден бек, тоа е Алекса Колаковиќ
- Еурофарм Пелистер и Кузмановски се договорија, капитенот останува во Битола уште една сезона
- Антонио Каранфиловски и Теодора Марковска од Македонија победници на трката од 42 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фотогалерија)
- Најслатките и најмилите по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ – Битола во детски режим (фотогалерија)Најслатките и најмилите по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ – Битола во детски режим (фотогалерија)

- Македонија поразена од Азербејџан во Битола ги заврши квалификациите за СП (фото)









