Press "Enter" to skip to content

“Летај Галебе – Младите за Кире Костов“ концерт на Камерниот оркестар Битола во Центар за култура (фотогалерија)

Беше човек вселена, Дијамнат бесценет,  

А сега е главна звезда на рајската сцена.

И горе кај господа има главен збор,

Велат станал диригент на рајскиот хор.И кога те нема Кире, се повеќе те има,

Јоргован си што расцутил во поларна зима

Господ бог те прогласил за светец, за блажен,

Летај кон вечноста, галебе мој тажен…

-Денеска почитувана публико со растреперена рака и огромна тага во срцето ги испишувам поседните стихови за него кажа Миодраг Врчаковски и се обрати кон публиката, на почетокот та концертот на Камерниот оркестар Битола и солистите, и додаде:-Не ми напиша музика на следните стихови за кои го замолив “Слушај ме, слушај златна ле сестро Кире е геније, тој е маестро“, кои му ги пратив точно на 23 декември 2013 година, на мојот пријател, но тоа никогаш не се случи, не ми напиша музика…Во оваа вечер посветена на неговите бесзвременски хитови вечерва ќе започнеме со првата снимка на „Летај ми летај галебе“ снимена со негов глас и која беше пратена на Опатискиот фестивал во 1978 година. Нека музиката на Кире Костов не обедини и не потсети на убавината на нашето музичко наследство.Незаборавниот хит по чие име е насловен концерт “Летај галебе –  Младите за Кире Костов“ беше вовед за концертот посветен на животот и делото на нашиот легендарен композитор Кире Костов.

Кире Костов композитпор кој острави неизбришлива трага во историјата на македонската музичка сцена.Синоќа оние кои дојдоа на концертот Младите за Кире Костов во Центарот за култура има можност да ги слушаат песните создадени од него.

По сценарио на Петар Горко кој беше и водител на вечерта и ги изрецитира стиховите на „Летај ми, летај галебе“ во негов стил:Летај ми, летај мој,

Галебе мој тажен

Летај кон ноќи топли,

Кон мракој што гонат

Дари им сон

Летни спаси ги.Потоа се редеа  безвремените хитови : „Кога те нема“, „Тајно моја“, „Илузија“, „Перонот три“, Казна божја си ти, „При очи ти слеп“, „Што сака нека биде дај ми да заспијам“…

Ги изведоа Димитар Андоновски, Сефедин Бајрамов, Антониа Гиговска, Бојан Стојков, Мина Блажев, Раде Врчаковски – Врчак, Барбара Поповиќ, Кики Мукаетова, Драгана Јовановска, Андреа Томовска.“Летај ми летај галебе“ ја отпеа Маја Андоновска – Илиевски во чест на чичко Кире како што кажа кој и напишал песна за нејзиниот настап на СИ-ДО пред точно 30 години кога во мај месец настапувала.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »