Уметноста и музиката на новата генерација млади луѓе, но и социјалните промени, беа во фокусот на Битола отворен град, кој изминатата недела го трансформираше градот во отворена сцена за бројни музички настани и неколку арт перформанси и дебати.
-Овој наш настан, кој влезе во третата деценија, беспрекорно умее да се носи со новите генерации и новото време. Да ја спојува уметноста, музиката и општествениот ангажман, обезбедувајќи платформа за младите таленти да се изразат себеси додека поттикнуваат позитивни промени. Од промоција на женскиот стрип, преку панел дискусија за позицијата на младите уметници денес, кино проекција, одличен кретивен маркет до наелектризирани музички изведби, овогодинешниот фестивал испорача извонредно искуство за публиката која не следеше во сите фестуивалски денови, истакнуваат од МКЦ Битола кој е организатор на овој фестивал.
На Битола Отворен Град се одржа и креативен камп, на кој волонтерите се фокусираа на трансформативната моќ на зборовите во уметност. МКЦ Битола, отсекогаш бил и сцена за демо бендовите, кои на овој фестивал ги правеле првите чекори.
Така оваа година на Битола Отворен град настапија, три нови млади локални бендови: Tsar Von Time, Параноја и SunShift. Клубот Јагода беше полигон каде се случи првиот кретаивен маркет во градот, а дворот дворот на МКЦ, лоциран во старото градско јадро на Битола послужи како локација за една интересна дебата на која учествуваа гостите од Ремонт галеријата од Белград. Пациото на Офицерски дом беше претворено во кино на отворено каде се прикажа „Слобода” на режисерот Златко Ѓелевски. Локални диџеи и гостинка диџејка од Белград дадоа свој придонес на фестивалот со славењето на електронската музика.
Фестивалот Битола Отворен Град, традиционално го одржа и големиот музички хепенинг на кој настапи Илија Талев – Ile The Hair кој одбележа 30 години од неговиот прв техно албум „И по Тито, техно…” кој е впрочем и првиот издадан македонски техно албум. Свој настап имаше и Ареа, а после 20 години во Битола свој концерт одржа и Архангел. Уметност, музика и социјален ангажман, останува кохезија на креативните сили младинскиот арт фестивал Битола Отворен Град, кој верува во новите генерации и нивниот општествен ангажман.
Фестивалот останува да биде платформа за младите луѓе да се изразат креативно, истовремено поттикнувајќи дебати кои би поттикнале позитивни промени, преку работилници, перформанси и инклузивни настани, славејќи ја различноста, единството и огромниот потенцијал на младите луѓе да обликуваат подобра иднина. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и со спонзорирање од македонски компании.

Заврши “Битола Отворен Град“, по 23 пат обединување на креативните сили на градот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер испадна од Купот, поразен од Силекс во Битола
- “Твоето НЕ е твоја сила“ кампања за превенција од зависности меѓу младите во Битола (фото)
- Во Битола на 28 октомври 2012 година 40-те битолски преподобни маченици прогласени за светци (фотогалерија)
- Митревски и Тодоровски од Битола ќе го судат вечното ракометно дерби во Скопје
- Се асфалтира улицата “Панде Кајзеро“ во “Ушици“
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота промоција на книгата на “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола
- Книгите како повод за разговор за себе, Ксенија Николова гостуваше во “Утопија“
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Блаже Докуле од Битола со трета награда на Светската галерија за карикатура на “Остен“
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје










