Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во групата “А“ на турнирот во Добој

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола потврди дека и ова лето во рамките на подготовките за наредната сезона ќе биде учесник на Меѓународниот ракометен ТВ турнир на шампионите, како единствен претставник од Македонија.

По жребката која се одржа на Меѓународниот ракометен ТВ турнир на шампионите “пелистерци“ се во групата “А“ заедно со Црвена Звезда, Татабања и Загреб.

Во групата “Б“ се Веспрем, првиот фаворит за трофејот, Слога, Бешикташ и Ал-Ахли.

Традиционалниот турнир во Добој ќе се одржи од 28 август до 1 септември, а ќе учестуват  осум квалитетни екипи, меѓу кои најзвучно име е унгарскиот гигант.