Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: управните служби ќе работат во сабота за подигнување на готови лични документи

Се известуваат граѓаните на подрачјето на Битола дека Управните служби при СВР Битола ќе работат на  13.07.2024 (сабота), со работно време од 08.00 до 16.00 часот, за подигнување на готови лични документи (лични карти,  патни исправи и возачки дозволи), а граѓаните истото можат да го направат и секој работен ден, во периодот од 08.00 до 19.30 часот.

Воедно, ги известуваме граѓаните кои се сликани за патна исправа до 06.06.2024 година, да ги подигнат готовите документи.