По првата фаза од подготвките во Битола каде ракометарите на Еурофарм Пелистер тренираа десетина дена, екипата продолжува со подговките во Србија, на Златибор, каде ќе тренира и ќе одигра два контролни натпревари.
Избраниците на Бранислав Ангеловски директно од Златибор ќе се преселат во Струга на средината од август, а потоа ќе играат на уште два интернационални турнири во Турција и во Добој, БиХ на крајот од месецот.
Еурофарм Пелистер оваа сезона на голманската позиција е посилен за Митревски и Ивиќ, за повратникот Хосни, кружниот напаѓач Цикатиќ и дефанзивниот експерт Абутовиќ, а на подготовките го нема Нејц Цехте кој настапува за Словенија на Олимпијадата.










