Велемајсторот Кирил Георгиев од Бугарија го освои турнирот во брзопотезен шах кој се организираше во Битола, насловен како “Голд Фелиција 2024“. По 9 одиграни кола, тој беше единствениот шахист со 8 бода, бидејќи двајца шахисти успеаја да одиграат реми.
Интернационалнит мајстор Ламби Паско (2.390) од Албанија, кој загуби од Георгиев во седмото коло, како единствен играч со 7,5 бода и го освои второто место.
Звонко Станојоски и Тони Лазов, членови на шампионскиот состав на ШК Алкалоид, ја предводат групата играчи со 7 бода во која има петмина шахисти, а останатите се странци: Рахул од Индија, Сарачи од Косово и Илир Сеитај од Албанија.
Наградата за најдобар младинец до 18 години ја понесе Кирил Николовскиод ШК Мулти Есенс со 6 бода, додека неговиот тимски колега Андреј Иванов е најдобар млад шахист до 14 години со 5,5 бода, а покрај тоа освои и масивни 183 рејтинг поени.
Леа Ефтовска од ШК Алкалоид ја однесе наградата за најдобро пласирана шахистка.
Томе Тодоровски беше најдобриот меѓу ветераните.










