Бразилецот Лукас Кардозо, познато име за љубителите на фудбалот во Битола повторно ќе игра во Битола. Кардозо потпиша договор со кој се обврза на соработка со Пелистер и ќе биде дел од екипата која во новата сезона ќе биде дел од Првата македонска фудбалска лига.
30-годишниот Кардозо од 2016 до 2018 година беше дел од “пелистерци“, а под Тумекафе ќе игра на левата крилна позиција, но истовремено може да ги покрива и сите три позиции во нападот.
Кардозо покрај во Македонија предходно играше во Косово, Албанија, Ирак, Индонезија и Бразил.










