Press "Enter" to skip to content

Пелистер со реми во Битола против Гостивар на отворањето на новата првлигашка сезона (фотогалерија)

Пелистер – Гостивар 1:1 (1:1) 

Екипата на Пелистер од Битола одигра реми (1:1) против амбициозната екипа на Гостивар и со тоа оствари добар прволигашки старт и на домашен терен. “Пелистерци“ одлично се држеа во текот на целиот натпревар и  успеаа прво да израмнат, а потоа и да го одржат резултатот против екипата која го има најплатениот фудбалер во Македонија и има големи амбиции.Љубителите на фудбалот од Битола кои попладнево беа на стадионот “Петар Милошевски“, во убава атмосфера го гледаа првиот натпревар на Пелистер како прволигаш по две години, а тоа и го поздравија со аплауз.Првиот погодок на натпреварот падна во средината од првиот дел, во 36. минута кога беше проиграм во шеснаесетникот Потук кој атрактивно се ослободи од чуварот, а потоа погоди и во мрежата на “пелистерци“ меѓу нозете на голманот Андреј Јовчевски.Пелистер израмни во судиското надополнување, во 47. минута од првиот дел, кога Александар Ристевски по една мешаница во казнениот простор, поточно пред голот на Гостивар, на два ати одлично се снајде, израмни на 1:1 и го обезбеди првиот прволигашки бод во оваа сезона за Пелистер.Во второто полувреме Гостивар имаше иницијатива да дојде до победата, но не успеа. Имаше и повеќе жолти картони заради груба игра на двете страни.Пелистер со својот систем со тројца дефанзивци делуваше цврсто и гостиварчани немаа многу идеи како да се заканат. Во страв да не загубат двете екипи освоија по еден бод и позитивно ја почнаа новата сезона. Во следното второ коло Пелистер гостува кај Вардар во Скопје.

Текст и фото: Сашо Ристевски