Press "Enter" to skip to content

Прва прозивка на кошаркарите на Пелистер во Битола (фотогалерија)

Попладнево во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се одржа првата прозивка на кошаркарите на Пелистер, а неа ја изврши новиот тренер Александар Петровиќ.На прозивката не беа присутни сите кошаркари на кој Петровиќ смета во оваа сезона, а се очекува за брзо време да биде комплетиран ростерот на Пелистер.Александар Петровиќ, кој во Битола е повторно како тренер по 17 години, на сите им посака успешна сезона, а добредојде на новите кошаркари во Битола.-Во Битола сум по долги години како тренер, а чувството е поинакво, јас сум малку постар и поискусен, но и во еден пооирганизиран, поквалитетен и среден клуб, како што е денес Пелистер. Секако сега Пелистер е клуб со поголеми амбиции, а ние сите ја започнуваме новата сезона која ќе биде поинтересна и во која ќе играме на повеќе “фронтови“, домашно првенство, АБА2 лига, куп и секако супер купот кој е на стартот на сезоната. Стартуваме денес, ни недостигаат неколку играчи во ростерот, но ќе бидеме комплетни за брзо време. Не очекуваме убав периот кој ќе го надополниме со добри резултати за да бидеме задолни во клубот, во градот, навивачите, “Чкембарите“ и на крај и јас. Ветувам многу работа, а резултатите ќе си дојдат. Пелистер атакува на висока позиција, знаеме кои се конкуренти, а барем еден трофеј да дојде во Битола, а тоа ќе биде и мој прв трофеј со Пелистер.Директорот на Пелистер, Филип Ивановски исто им посака успешна сезона на кошаркарите, добро здравје и да бидат без повреди, и додаде: -Не очекува сезона за која веќе ги кажавме нашите амбиции, кои да повторам се високи и ќе бидат на радост на сите љубители на кошарката во Битола. Стартуваме во Битола, до 30 август, кога заминуваме во Бугарија на двомеч, а потоа ќе имаме подготовки надвор од Битола, а ќе бидат во државата или странство, според тоа колку квалитетни противници ќе обезбедиме за контролните натпревари. Потоа се враќаме во Битола до стартот на сезоната. Очекуваме двата кошаркари, кои веќе ги најавивме и веќе потпишаа, да ни приклучат деновиве, а со други двајца странци, на позиција 4 и 5, останува да ги завршиме преговорите. Им кажавме на сите дека се она што е договорено од страна на клубот ќе биде исполнето, како што беше и претходната сезона, а ним им останува само да се фокусираат на теренот, на играта и да ги исполнат сите барања на тренерот и Управата, за да го повториме ланскиот успех и секако да одиме чекот понатаму.Ивановски додаде дека за брзо ќе ги соопштат цените за поединечните и комплет влезниците за првенството и натпреварите од АБА2 лигата кои ќе се играат во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”2084″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]

More from СпортMore posts in Спорт »