-И индивдуалните награди патуваат за Битола , МВП на турнирот е прогласен Филип Кузмановски, најдобар голман прогласен е Филип Ивиќ, а најдобар стрелец е Богдан Радивојевиќ.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола го победи Вардар со 29:26 во финалето на Струшкиот турнир и го освои 14. трофеј, со што “пелистерци“ се израмнија со “вардарци“ во натпревар кој беше неизвесен и беше решен во последните минути.
“Пелистерци“ први поведоа со 1:0, потоа со 2:0, а по десетина минути беше 3:5 за Вардар. Ангеловски повика тајм-аут по што беше 6:6. Вардар имаше +2 (6:8), а битолчани повторно израмнија. Следуваше црвен картон доби тренерот на Вардар, Недановски, а Пелистер по пеналот на Кузманоски додје до 10:8. Пелистер имаше шанса на пауза да оди со повисока предност, но Гогов му го одбрани пеналот на Кузманоски и на одмор се замина со 13:11 за Еурофарм Пелистер.
Митревски одлично го отвори и второто полувреме, битолчани поведоа и со три гола, 16:13, се повреди Тајник и падна концентрацијата и Вардар намали 16:15.
Танкоски погодуваше во серија и водството на “пелистерци“ беше само еден гол, 19:18. Стигна израмнувањето 20:20, a и во последните десетина минути се влезе со 23.23. Со атрактивен гол со цепелин Еурофарм Пелистер си ја врати предноста, а потоа повторно израмнување 24:24.
Вардарци згрешија во нападот, Пешевски погоди за +2 (26:24). Георгиевски намали на 26:25, Радивојевиќ погоди, Ивиќ одбрани на една минута до крајот. “Пелистерци“ постигнаа уште еден гол за заверка на победата на турнирот во Струга.
Капитенот на битолчани е Филип Кузмановски е најкорисен играч на турнирот, односно МВП, додека за најдобар голман е прогласен Филип Ивиќ. Најдобриот стрелец исто така доаѓа од редовите на македонскиот шампион, а тоа е десното крило Богдан Радивојевиќ.

Еурофарм Пелистер од Битола стартува со титула од Струга, го освои “Струшкиот“ турнир (фотогалерија)
Еурофарм Пелистер – Вардар 29:26
More from ВестиMore posts in Вести »
- Универзитетскиот професор д-р Филип Поповски од Битола – нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕУниверзитетскиот професор д-р Филип Поповски од Битола – нов член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

- Вилсон: Пелистер оди по нова победа
- СВР Битола: двајца битолчани приведени за дрога во Крклино, приведено лице за извршување на казна
- Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава за двајцата Роми од Битола кои се закануваа
- Во Битола променливо облачно, температурата до 10 степени
More from СпортMore posts in Спорт »
- Вилсон: Пелистер оди по нова победа
- Фудбалерките на Македонија цел циклус квалификации за Светско ќе играат во Битола
- Стајиќ: Победуваме, но знаеме дека можеме подобро… Да го покажеме тоа со Маџари
- Дејвис: Почит за Маџари, но знаеме што треба за да стигнеме до победа
- Ева Милевска од Битола денес ќе го “вози“ првиот супер велеслалом во Европа купот во Италија








