Иако деновите дојде од Австралија на одмор во Битола поранешниот тренер на гимнастичарките на ДТВ Партизан од Битола и порашен селектор на гимнастичарките на Македонија, по информациите дека се уништува салата каде порасна и работеше и се иснесуваа гимнастичарските справи, не остана на тоа рамнодушен и се упати кон Соколаната, како рече место на неговото детство, младост и работа.
Пеце Смилевски со многу емоции и солзи ги допираше дел од справите на кои го поминал најголемиот дел од животот, како млад гимнастичар, како шампион, како тренер, како селектор…
-Години ја следам гимнастиката во Битола и Македонија иако сум далеку од тука, во Мелбурн, Австралија, каде продолжив со мојот спорт кој што ми е длабоко во срцето и душата и во спорт во кој многу имам дадено, во развој посебно на женската гимнастика. Последните години како доаѓам во Битола се повеќе и повеќе гледам разочарување кое доаѓа од еден човек кој што јас лично го поставив, претседателот на гимнастичкиот сојуз на Македонија – Љупчо Арнаудов, иако на почеток не сакаше. Неговите ќерки вежбаа кај мене, но за жал и тие заборавија кој е Пеце Смилевски. Тој ја злоупотреби мојата позиција и целокупен труд во гимнастиката која ја оставив како готов производ, посебно во женската гимнастика и не одговори на некои прашања се до ден денес.
-За жал и оваа година сум тука, на мое разочарување, денес видов голема трагедија која му се случува на гимнастиката во Битола и ДТВ Партизан од Битола. Не можам да разберам човек кој сака да напредува спортот, а посебно гимнастиката во Битола да ги извади спрвите кои што значат се за развој на гимнастиката, кој што е многу тежок спорт. Сакам повторно да напоменам дека во оваа сала зад мене сум растен од 5 годишна возраст, а тука бев 40 години. Сум креирал, сум малтарел, сум бојадисувал, сум се качувал на покрив да го покривам, сум молел да ја одржам салата, родители, пријатели, другари, претријатија… Сум бил се, тренер, директор, чистач… било на моменти многи тешко. Но, ова што го гледам денес ме остави без збор, ми го скрши срцето. Буквално како да видов дека се откинува нешто од мене и затоа не можам да ги скријам емоциите, вели Смилевски и додава:
-Ова што ќе го кажам нека биде повик до целокупната јавност на Македонија, не само на Битола, да се спаси салата и справите да останат внатре каде што и им е местото. Битола е центар на гимнастиката во Македонија долги, долги години, а јас сум дел од тоа, сакаме некои или да го признаат тоа. Затоа потполно ги поддржувам, и стојам зад нив, професорите кои го бранат она што е нивни и на сите нас. Таа сала и опремата пред се им припаѓа на сите деца, на битолчани, на луѓе како мене и како мене, кои прем мене и после мене допринеле за развој на таа сала. Тука се моите тренери Спасе Крстевски – Пацко, Александар Божиновски, и ние после нев, јас и Борко Тромбев и сите после нас. Професорите направија прекрасен потег што покажаа и предупредија дека нема право никој да ги извади тие справи од гимнастичката сала на Партизан, односно сега наречена Соколана. Тие им припаѓаат на Соколаната, а тоа може да се докаже со живи сведоци и документи, а пред се тоа се донации од Бугарија, Словенија… Во овој момент апелирам, како еден од најзагриѓените тренери за гимнастички спортови, професорите да продолжат со оваа борба за ниту една справа да не излези од таа сала, а на таа борба сите да им се приклучиме, секој ден помасовно и памасовно. Битола имала многу гимнатичари, има и сега, а ќе има, но без справите тоа не може да се случи во иднина, вели Смилевски кој низ солзи вели:
-Денес видов справи, од садот за магнезиум каде лично сум ги мачкал своите раце за да се качам на вратило, даските, коњот со рачки кои што го имам кревано милион пати, а тоа нема прави никој да го земе, еднставно да го присвои дека е негово или да каже дека го платил. Овде има гимнастички клуб, кој сега се вика Соколана, а порано друштво за гимнатички спортови Партизан од Битола, едно од најјаките во историјата на Македонија.
Текст и фото: Сашо Ристевски










