Press "Enter" to skip to content

Прв гол на капитенот Ивановски за прва прволигашка победа на Пелистер во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Силекс 1:0 (0:0)

Екипата на Пелистер на стадионот “Петар Милошевски“ под Тумбекафе во Битола ја запиша првата победа во оваа Прва македонска фудбалска лига, по враѓањето во неа. Победничкиот го постигна капитенот Мирко Ивановски, а голот им донесе три бода на “пелистерци“.Првото полувреме, односно стартот на натреварот, се одигра рамноправно во испитување на силите, но може да се каже дека домаќинот за нијанса беше поконкретен.Најголемата шанса за гол Пелистер ја имаше откако искусниот Мирко Ивановски се проби по десната страна во шеснаесетникот и испрати удар во стативата од внатрешната страна, но топката помина покрај гол линијата и не велезе во голот на Џеков.На старот на второто полувреме, во 51. минута Пелистер го постигна понедничкиот гол. Капитенот Ивановски беше стрелец на водечкиот погодок за “пелисстерци“ кога по  една нафрлена топка од втора статива Керим одложи со глава до петерецот, а таму на топката налета Ивановски кој го постигна својот првенец во зелено-белиот дрес.По голот Силекс се обиде да постигне израмнувачки гол, но не беа конкретни со ударите кон голот на Јовчевски. “Пелистерци“ ја задржаа предноста до крајот на натпреварот, а тоа значеше прва сезонска победа по кам-бекот во елитата. По три одиграни кола Пелистер има по победа, реми и пораз и со четири бода е шестопласиран.

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »