ПСЖ – Еурофарм Пелистер 31:29 (18:13)
Еурофарм Пелистер иако со пораз ја отвори новата сезона во Лигата на шампионите во натпревар во кој се бореше до крајот за позитивен резултат против ѕвездениот тим на Раул Гонзалез. “Пелистерци“ дојдоа од минус осум дојде на минус еден пред самиот крај, но францускиот тим не даде шанса барем за реми.
На стартот на натпреаварот “пелистерци“ тргнаа добро, а имаа и предност од 3:4 по скоро десет минути. ПСЖ со четири гола во низа дојде до 7:4, потоа 9:6 и 12:8. Пелистер дојде на 14:12, но ПСЖ пак влезе во ритам и дојде со највисоки 17:12, а на одмор се отиде со 18:13.
Стартот на вториот дел не донесе промена на резултатот, туку ПСЖ диктираше темпо. По пет минути игра беше 21:15 за домашната екипа, потоа и највисоки 23:16. Битолчани дојдоа на два гола негатива пред финишот (27:25), а потоа и на еден (30:29), немаа сила за целосен кам-бек и сензација.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски погоди осум пати, пред Жарко Пешевски и Нејц Цехте со по шест гола, а голманот Филип Ивиќ собра шест интервенции.










