Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: физички напад во казино, донесено починато лице во болница

На 16.09.2024 во 08.00 часот во СВР Битола, П.В.(21) од Битола пријавил дека во казино на ул. „Широк Сокак” во Битола бил физички нападнат од лице од Битола, кој оштетил и дел од инвентарот во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 16.09.2024 во 09.29 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.А. (49) од село Могила. Според пријавеното, претходно и во текот на денот имал здравствени проблеми и се јавил на преглед кај неговиот матичен лекар, кој го препратил на преглед во Клиничка Болница. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.