Press "Enter" to skip to content

39. години од формирањето на навивачката група “Чкембари“ Битола – денес на стадион промоција на нова песна

Навивачката група “Чкембари“ од Битола денес прославува 39 години од основањето, во 1985 година, на 25 септември 1985 година.

Датумот, да потсетиме, е избран дека на денешен ден, пред 38 години, 1985 година, за прв пат организирано со 15 автобуси заминаа на мајторката во Белград, за пласман н ракометниот клуб Пелистер во првата ракометна лига на тогашна Југославија.

-Приказната за формирањето на најстарата навивачка група во Македонија веќе сите добро ја знаат. Натпреварот со Партизан Бјеловар, далечната 1985 година, значи почеток на една навивачка ера која ќе остави длабока трага во многу сфери на општеството, горди се “Чкембарите“ на таа навивачко патување.

Роденденот го најавија и “Чкембарите“ и напишаа:

-После големата победа на гости против Беса не чека вондредното коло утре против Работнички. Фудбалерите најавија подарок победа за 39 годишнината на “ЧКЕМБАРИ“. Одиме да го примиме подарокот. Исто така особена чест ни е да ја најавиме песната која ја изработивме во изминатиот период и која ќе биди промовирана дене, по повод нашата годишнина. СИТЕ НА СТАДИОН.
More from ВестиMore posts in Вести »