Општинскиот сојуз на училишен спорт од Битола во соработка со Центарот за Јавно здравје Битола и општинската организација на Црвен Крст во Битола денес на Шеталиштето во Градскиот парк во Битола го организираше традиционалниот Есенски крос.
-На овои традиционелен спортски настан кој се одржува секоја година учество зедоа 480 ученици од основните училишта и 120 од средните училишта во 20 категории под менторство на 54 професори, ни рече претседателот на Сојузот за училишен спорт Михајло Трампевски.
Кај основните најуспешни беа учениците од ОУ “Коле Канински, второ место освои ОУ “Климент Охридски“ и третото место му припадна на ОУ “Тодор Ангелевски“.
Во категорија средни училишта екипно, најуспешни беа средношколците од гимназијата “Ј.Б.Тито, второр место освои средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“, а третопласирани беа средношколиците од техничкото училиште “Ѓорѓи Наумов“.

“Коле Канински“ и Горната Гимназија победници на Есенски крос (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Министерот за здравство Клековски во Битола на трибина за здравјето на младите
- “Ние го моделираме нашето идеално училиште“ – “Идеал Контакт“ со уште една интересна тема за панел-дискусија (фотогалерија)
- СВР Битола: приведување за закани кон полиција и за марихуана
- Деновиве пред 10 години: Ракометарите на Пелистер продолжија во Челинџ купот (фото)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 13 степени
More from СпортMore posts in Спорт »
- Еурофарм Пелистер 2 поразен од Бутел во последните секунди
- Кошаркарите на Пелистер поразени во Кавадарци
- Пелистер Волеј лесно го победи Фламинго во три сета во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер лесно до победа над Тиквеш во Битола
- Елена Костадиновска и Никола Бубевски од Битола се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје










