Над илјада бруцоши на Универзитетот “Св. Климентденеска го одржаа првиот академски час. Се запознаа со новите колеги, професори и ги добија индексите. Започнаа ново животно поглавје во кое ќе се стекнат со академски знаења, практична работа, истражувања и по четири години со заслужена диплома да ја градат својата професионална кариера.Во ваков амбиент, на Техничкиот факултет – Битола се одржа централниот настан по повод почетокот на новата академска година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.На новите бруцоши срдечно добредојде на Универзитетот им посака ректорот проф. д-р Игор Неделковски, кој истакна дека е задоволен од интересот за запишување на УКЛО и додаде:-Веќе ја достигнавме за нас магичната бројка од илјада нови запишани студенти, имаме раст на бројот на студенти во однос на минатата година, а тоа не радува, ако се знае дека има околу 5% намалување на бројот на матуранти. Работете посветено овие четири години. Ако учите ќе се стекнете со вештини кои потоа ќе можете да ги примените во својот професионален живот.Претседателот на Сенатот, вонр. проф. д-р Филип Поповски приклучувајќи се кон желбите за успешна едукација, на бруцошите им укажа дека сега тие влегуваат во семејството од над 120 илјади КОЛОРС студенти.-Ќе работите со одговорни професори, ќе бидете обезбедени со стипенди, школарини, а Универзитетот секако, ќе ги наградува најдобрите.Деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Митко Костов, поздравувајќи ги бруцошите кои влегуваат во нова, академска средина, го изрази своето задоволство што годинава е зголемен бројот на студенти кои се решиле да студираат технички науки.-Од денес големото семејство на Технички факултет е уште поголемо и побагато за над 130 студенти бруцоши кои се приклучуваат на околу 500 активни студенти, и илјадници наши дипломирани инженери, магистри и доктори на науки, додаде деканот проф. д-р Митко Костов.Честитки и успешни студии до сите студенти на УКЛО упати и заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски, кој укажа дека младите и образованието, особено високото образование, се во фокусот на програмата на Владата за периодот 2024-2028 година.-Планираме компаниите кои ќе вработуваат млади до 29 години, да ги ослободиме од плаќање на персоналниот данок од доход, да ги вработиме најдобрите 500 студенти од државните универзитети. Работиме на законски измени за да се овозможи редовните студенти да имаат право на работа со скратено работно време, притоа да не го губат статусот редовен студент. Секако, ќе продолжиме со редовна исплата на студентските стипендии и средствата за студентски оброк.Во рамки на одбележувањето на почетокот на студиите, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски се осврна кон напорите кои Општина Битола и УКЛО заеднички ги даваат за подобри услови за студентите и нивно вклучување во општествениот живот.-Како локална самоуправа во изминатите неколку години имаме исклучителна соработка со Универзитетот во многу полиња, како на пример во делот на практичната настава, односно летната пракса која студентите можат да ја исполнат во институциите на Општина Битола. Имаме прекрасен универзитет, имаме прекрасен град, посакувам успех во студирањето.Ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски и заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски присуствуваа на првиот час на Факултетот за биотехнички науки – Битола, по што, честитки за почетокот на академските студии им упатија и на бруцошите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.Честитајќи го почетокот, тие заедно со раководствата на единиците се приклучија кон пораките до студентите – да ги искористaт можностите за инвестирање во сопственото знаење како најголема капитална инвестиција во животот.Успешни студии на првиот свечен час на генерацијата новозапишани студенти на Факултетот за безбедност во Скопје од име на раководството на УКЛО упати проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска.Таа посочи дека пораките до најмладите колеги не се само пригодни зборови, тие се искрени желби, колегијални, прониканати со почитување на човечкото достоинство и висок хуманизам, длабоко насочени кон личниот и професионален успех, квалитети кои во академијата имаат највисока вредност.Новата академска 2024/2025 година е одбележана со свечена настава на сите единици во УКЛО, со доделување на индекси и желби за успешно школување, градење професионални капацитети, напредување и усовршување корисни за секој член во академската заедница и општеството.
М-р Елизабета Ангелеска Атанасоска