Press "Enter" to skip to content

Петровиќ: ова е историска победа во Битола за Пелистер, но не смеевме да дозволиме драма во финишот

Кошаркарите на Пелистер вчера во Битола си ја дозволија и ја преживеаја на крај со победа, драмата Широки во рамките на 1. коло од групната фаза на АБА2 лигата, во натпреварор кој за првпат се играше меч од ова натпреварување во Битола. Падот на концентрцијата во завршницата му дозволија на противникот да се врати во игра, но “пелистерци“ не дозволија пресврт.

По завршувањето на натпреварот, на официјалнста прес конференција,  тренерот на Пелистер, Александар Петровиќ рече:

-Сигурно не требаше да дозволиме да има драма, кога веќе на четири минути до крајот имавме плус 13 и наш напад. Сепак, брзоплетоста на нашите играчи придонесе предноста брзо да се истопи. Се влезе во неизвесна завршница, но и во тие последни секунди имавме контрола над резултатот… Им честитам на моите играчи кои дадоа се од себе, од прв до последен кои влегоа на терен и дадоа свој придонес. Мечот се одигра во еден одличен амбиент, вистински спектакл, верувам дека на следниот натпревар ќе имаме уште повеќе публика…

Искусниот стручњак е свесен дека вистинските предизвици допрва претстојат, но не крие дека очекува формата на тимот да продолжи да се крева како што ќе минува времето.

-Среќен сум, ова ни е прва победа сезонава, но немаме многу време, веќе викендов пред нас е и првото коло од Супер-лигата и дуелот со Тиквеш во Кавадарци. Одиме од натпревар во натпревар, јас верувам дека на секој нареден меч ние ќе играме подобро и подобро, екипата е нова и нормално е да ни е потребно време за целосно воигрување. Во секој случај, ова е една голема победа, историски триумф за Пелистер во Битола, вели Александар Петровиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »