Press "Enter" to skip to content

Фудбалерките на Топ Гол го победија фаворитот Ас Јунајтед

Топ Гол – Ас Јунајтед 2:0 (1:0)

Во рамките на 7. коло од ПМФЛ жени екипата на Топ гол во Битола издвојува победа над фаворитот Ас Јунајтед.

Во натпреварот кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, битолчанки со голови на Стефановска во 2. минута и Талевска во 84. минута издвојуваа голема победа над струшката екипа и прокнижија три нови бода на нивното бодовно салдо.

-Честитки за остварената победа, особено пофални зборови за борбената и храбра игра на моите фудбалерки. Натпреварот беше динамичен и возбудлив до самиот крај во кој двете екипи имаа свои шанси за гол, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

За Топ гол настапија Талевска, Бумбароска, Ристевска, Јованоска, Каралиоска, Давчева, Стевановска, Милевска, Талевска и Илиевска.

More from ВестиMore posts in Вести »