-Ова е магичен момент за моето творештво, но и за македонската литература и јазик, кои имам чест да ги претставувам преку мојата поезија, веќе препеана на италијански, вели Фојата.
-Уште како дете, кога го гледав Рамбо на чаршавче пред ТВ и јадев попара, потајно сонував и се надевав дека се е возможно. Во 2015, кога се запишував на постдипломски студии за филм, тој филм беше во мојата топ 10 листа. Можеби и поради тоа што Македонец, Тед Кочев, го режирал, па ми будеше надеж за неограничени можности. Денес, во Милано, пред низа државници, европски и светски екселенции, добивам награда за литература, за мојата
поезија. Меѓу малкумината од Балканот и кремот на европската и светската литература, одекна Македонија, а веднаш по тоа моето име, ова е магичен момент за моето творештво, но и за македонската литература и јазик, тоа се зборовите на нашиот битолчанец Игор Трајковски, во негов стил и специфичен израз на хумор.
Сите го познаваат како Фојата, а ова ни беше увод за нашиот разговор, а повод добивање на Меѓнародната книжевна награда за извонредност „Città del Galateo“ на церемонија Церемонијата на доделување награди за XI издание која се одржа на 25 октомври во Милано, во Салата Џирарди на Центарот Пиме (влез на Виа Мосè Бјанки, 94). Меѓународната книжевна награда за извонредност „Città del Galateo“, е посветена на големиот хуманист од Саленто, Антонио де Ферарис (Галатоне, 1444 – Лече, 1517), лекар, филозоф и астроном. Престижниот книжевен конкурс е организиран од Verbumlandiart Aps, со седиште во Галатоне (Лече), промовиран и координиран од Регина Реста, неуморна културна дејателка која е претседател на здружението уште од неговото основање.
Кажете ни повеќе околу доделување на оваа награда?
-Наградата, која во своите единаесет изданија достигна високи нивоа на извонредност, прогресивно ги дефинираше своите секции, како за италијански, така и за странски автори, со цел уште поспецијализирано да ја насочи книжевната продукција на писателите кои
одлучуваат да се натпреваруваат за наградата. Официјален спонзор на XI издание на книжевната награда е издавачот Џузепе Латерца од Бари. Жирито на книжевната награда „Città del Galateo“ 2024 година, неодамна го објави извештајот за завршување на процесот на оценување на делата во конкурсот со конечна класификација на победниците и посебните номинации, која веќе е достапна на веб-страницата https://www.verbumlandiart.com/ ЖИРИ Почесен претседател на извонредноста – Франческо Леночи Претседател за извонредност во културата – Пјерфранко Бруни Претседател на жирито на извонредност – Гофредо Палмерини Меѓународен претседател на извонредност – Хафез Хајдар Претседател на наградата за извонредност – Регина Реста. ЖИРИ ЗА СТРАНСКИ АВТОРИ Анжела Коста, Кристел Оландет, Елизабета Багли, Ирма Курти, Мирјана Добрила. Жирито изврши значајна работа во анализа и оценување на делата. На наградата беа претставени повеќе од две илјади дела, меѓу кои проза, поезија и есеистика.
Автори од кој земји учествуваа на конкурсот?
-Треба да се нагласи и значајноста на учество на автори од повеќе земји: Албанија, Кина, Франција, Грција, Индија, Израел, Иран, Либан, Никарагва, Романија, Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Соединетите Американски Држави и Уругвај.
Кажете ни за критериумите на оценување на делата?
-Сите пристигнати дела беа индивидуално оценети, а по конструктивна размена на мислења за различните предлози, со споредбени читања и критички оценки, жирито дефинитивно ги одреди следните класификации за различните секции на наградата, имајќи ги предвид критериумите за оценување: оригиналност на содржината, квалитет на пишување, тематска кохеренција и способност за емоционално ангажирање на читателот.











