Пелистер и викендов во Битола продолжува со играње на два натпревари, еден домашен во викенд и еден од АБА2 во текот на неделата. Вечерва во рамките на 4.коло од домашното првенство “пелистерци“ ја пречекуваат екипата на Кожув од Гевгелија. Натпреварот кој започнува во 18,30 часот, во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, е идеална можност за „пелистерци“ да се вратат на победнички патеки по двата врзани порази од Гостивар и од Џокер.
Кошаркарите на Пелистер се свесни мораат да влезат во победничка серија почнувајќи од денешниот дуел со гостите од Гевгелија, а како “пелистерци“ го пречекуваат овој натпревар кошаркарот на Пелистер, Димитар Пандев, на последниот тренинг пред натпреварот рече:
-После поразот во АБА2 лигата од екипата на Џокер од Србија, дошолнително се мотовиравме и се подготвивме добро за денешниот натпревар во Битола, против екипата на Кожув од Гевгелија, во натпревар од македонското првенство. Се надевам дека ќе играме со повеќе енергија и борбено за да дојдеме со бодови и да ја прекинеме серијата, лоша за нас, од два порази. Кожув е добра елика која што во своите редови имаат три-четири индвидуалци, кои мораме да ги задржиме. Атмосферата во тимот е добра, малку поразот од Џокер не потресе, беше втор по ред послед Гостивар. Против Џокер игравме добро, но се покажа дека морам да ја подобриме одбраната, а тоа да се случи уште вечерва. Сакам да им порачам на битолчани да веруваат во нас, а вечер ние заедно со нив да ја забележиме посакувата победа.

Димитар Пандев: вечер со подобра одбрана и поддршка од трибини до нова победа против Кожув
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)









